Шекеринска ќе биде амбасадорка во САД!?

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска се подготвува за нова задача: Една од клучните фигури на СДСМ во последните 20 години ќе ќе биде амбасадорка на Македонија во САД, дознава порталот на албански In7 од високи извори во СДСМ.

За оваа комбинација, неодамна зборуваше и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој на седницата кога се гласаше Техничката влада предводена од Спасовски, во говорот рече дека „еден од членовите на владата се подготвува да преземе важни задачи во странство по изборите“.

SHARE