Шекеринска призна дека таа е на снимката со Боки 13 и со Јанева (ВИДЕО)!

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска потврди дека таа е на снимката од домот на Бојан Јовановски, викан Боки 13, на која покрај нив двајцата е и поранешната шефица на згаснатото СЈО, Катица Јанева.

„Јас во ниту еден момент, никогаш не ја лажев јавноста. Сум се видела и со едниот и со другиот и со двајцата заедно. Да, тоа беше средба на која зборевме за една тема која беше многу актуелна во тој период. А тоа беше, зошто не може да се донесе Законот за специјално јавно обвинителство. Јас сум била во друштво на сопственик на телевизија, но сум била и со многу други сопственици на телевизии“, рече носителката на коалицијата на СДСМ и Беса во петтата изборна единица во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Боки 13 за случајот „рекет“ неодамна беше осуден на девет години затвор, а Јанева доби седум.

Изјавата на Шекеринска е по 24:30 минути од почетокот на видеото:

SHARE