Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска вели дека протоколот за пристапување на Македонија во НАТО ќе биде подготвен во моментот кога Преспанскиот договор ќе биде имплементиран и ратификуван од двете страни.

Очекуваме дека нашиот дел од обврските ќе ги спроведеме навреме согласно плановите, и дека истото ќе го направи и Грција, изјави денеска вицепремиерката која денеска ги посети припадниците армијата распоредени на границата конГрција.

„Сите претставници на НАТО, почнувајќи од генералниот секртар од самиот почеток на овој процес ја испратија пораката дека протоколот ќе биде подготвен во моментот кога преспанскиот договор ќе биде имплементиран и ратификуван од двете страни. Ние очекуваме дека нашиот дел од обврските навреме согласно планови ќе ги спроведеме.

Очекуваме дека истото ќе го направи и Грција“, рече Шекеринска на новинарско прашање по посетата на Караулата на АРМ Богородица на јужната граница.

Според неа, тоа практично значи дека во прашање се неколку недели и очекува дека веднаш по ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент многу брзо ќе биде изготвен НАТО протоколот и веднаш ќе биде ставен на дневен ред на грчкиот Парламент.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.