Шекеринска: Се ослободивме од тегот што долги години нè влечеше кон дното!

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска смета дека, со договорот со Грција и со уставните промени, Македонија се ослободила од тегот што ја влечел кон дното долги години.

„Македонија покажа дека го заслужува своето место во НАТО-алијансата и поради тоа што знае да ги решава, а не да ги смрзнува и чува своите проблеми. Изминатата година со потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција и оваа година со усвојувањето на уставните промени покажавме дека како држава можеме да се ослободиме од тегот што долги години нè влечеше кон дното“, рече Шекеринска на прес-конференцијата по средбата во Скопје со шефот на Бирото на националната гарда на САД, генерал Џозеф Ленгиел.

Точка врз ослободувањето од тегот што со години ја влечел Македонија кон дното, според Шекеринска, треба да стави грчкиот парламент до крајот на оваа седмица со ратификација на Договорот од Преспа, по што македонската држава и официјално ќе стане Република Северна Македонија.

SHARE

Оставете коментар