Шекеринска се пофали во Дебар со картичките „купувам домашно“?!

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на предизборниот собир во Дебар се пофали со картичките „купувам домашно“, кои Владата ги промовира како помош за граѓаните за надминување на коронакризата, а за опозицијата се класичен предизборен поткуп.

„Во изминатиов период се трудевме парите да не седат во Скопје, да ги пуштиме меѓу граѓаните. Во екот на најголемата коронакриза, само во овој период околу 10 милиони евра во регионов ги пуштивме и ги дадовме на фирми за да не отпуштаат вработени. Над 300.000 граѓани користат кредитни картички со кои можат да купат храна, текстил, да ги платат основните работи. Единствениот услов е тоа да биде тоа наше домашно производство за да им помогнеме и на тие што купуваат и на тие што произведуваат“, изјави носителката на листа на СДСМ и Беса во петтата изборна единица.

SHARE