Шекеринска се фотографирала пред амблем на ОНА?!

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска се фотографирала пред амблем на ОНА, сугерира фотографија што кружи на социјалните мрежи и што предизвика лавина жолчни реакции.

На фотографијата потпретседателката на Владата и на СДСМ е со градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, во неговата канцеларија, а тој за средбата објави денеска на Фејсбук.

„Министерката за одбрана на РCM, Радмила Шекеринска, престојуваше во работна посета на Општина Кичево. На средбата со градоначалникот, меѓу другото, се дискутираше за актуелната состојба во земјава со посебен акцент на пандемијата COVID 19, заблагодарувајќи се едни на други за досегашната соработка помеѓу двете страни и за дезинфекција на сите верски објекти од страна на АРМ“, се вели во постот.

SHARE