По скандалот со фотографирањето пред грбот на ОНА, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска со недипломатски потег: сподели твит на Амбасадата на САД во Македонија, која, пак, ретвитна објава на македонски твитерџија што се потсмева со воените авиони на Русија!

Американската амбасада го коментираше твитот од Амбасадата на Русија во Скопје, во кој се вели дека американските бомбардери „Б-1 лансер“ што ја прелетаа Македонија биле пресретнати од два руски воени авиона над Црно Море во близина на руската граница.

„Како и обично, играјќи се со вистината и обидувајќи се да дефокусира од историското достигнување на Северна Македонија со пристапувањето во #НАТО – дури и не користејќи вистински снимки или фотографии“, се вели во твитот на Амбасадата на САД, под кој е ретвитнат постот на „Ранко“: „Аууу браво, Русите имале 2 оперативни сухои во исто време… Честитки за механичарите“.

SHARE