Шеќеринска честиташе среќна нова, граѓаните сурови

Вицепремиерката Радмила Шеќеринска преку платен спонзориран пост на Фејсбук кој содржи и видео кое наликува на предизборна кампања на граѓаните им честиташе среќна нова година.

“Ќе работиме напорно, ќе го испорачаме ветеното! Ве повикувам сите заедно да го кренеме македонското знаме во НАТО и да продолжиме да ја градиме нашата иднина! Ви посакувам среќна Нова 2019 година”, пишува во платениот пост кој вообичаено се користи кога нарачателот сака да допре до поголем број луѓе за да испрати, во нејзиниот случај, политичка порака.

Но граѓаните до кој дошол платениот пост ја дочекаа “на нож”.

Човек што гласал за СДСМ и бил дел од Шарената револуција сега и порачува дека владеачката партија треба да замине на буништето на историјата.

“Немав многу доверба во човек што даваше изјави од типот дека ќе јадел живи луѓе. Сепак, учествував во Шарената револуција и гласав за Заев и СДСМ да дојдат на власт, сметајки ги за помало зло од мафијашката банда на чело со Груевски.

Сметав и дека во меѓувреме Заев стекнал некакво животно искуство и се надраснал себеси. Сметав и на тоа, дека разумни луѓе како Радмила Шеќеринска и други од неговите најблиски соработници ќе му помогнат да донесува исправни одлуки!

Но, испадна обратното! Наместо вие да го спречувате Заев да не прави глупости, испадна дека забеганиот Заев ве вовлече сите во неговите глупости. Имавте историска шанса, после 11 годишчно чмаење во опозиција, да се покажете во најубаво светло, но ја прокоцкавте. Повторна шанса не заслужувате ! Треба да одите на ѓубриштето на историјата, исто како и дпмнејците”, и напиша на Шеќеринска Петар Бошевски.

На платениот линк може да се прочитаат и другите коментари, од кои дел се навредливи, од граѓаните до Шеќеринска.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10155675460675163&id=46479180162

SHARE

2 Коментари

  1. ДЛАБОКО СУМ РАЗОЧАРАН ОД ГОВОРОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ, ВО КОЈ НЕМА НИТУ ЕДЕН СПОМЕН ЗА ПРИЗНАВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА ПОД УСТВНОТО ИМЕ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ООН!

Comments are closed.