Шеќеринска е за културата како екстремистичка религиозна секта

Контраверзна поддршка на вицепремиерката и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска за зголемените плати во културата која за неа треба да биде култ кој вообичаено е поврзан со авторитарен лидер.

“Thumbs up за денешната одлука на Владата: 2899 вработени во културата ќе имаат зголемување на платите почнувајќи од платата за април. Да и овозможиме на културата да биде нашиот култ”, пишува Шеќеринска во спорната споредба на културата со контраверзни организации.

Според една од најдоминантните дефиниции во науката “Култ” е религија или религиозна секта која најчесто се смета дека е екстремистичка или лажна и нејзините следбеници често живеат на неконвенционален начин под водство на авторитативен и харизматичен водич.

Култот исто така може да се дефинира и како опсесивна, особено пребирлива предаденост или почит кон некоја личност или принцип. Се занимава, главно, со проблемите на индивидуата, како што е болеста, оттуѓеноста и сл. Религиозните чувства кај култот се изразуваат преку поегзотични ритуали од оние на другите религиозни облици.

Зошто вицепремиерката ја спореди културата со култ нема подетални објаснувања.