Шеќеринска (не) го прекршила протоколот на приемот на кралицата за НАТО

Спротивставени ставови на експерти за протокол за начинот на кој вицепремиерката Радмиа Шеќеринска се облекла за приемот што во чест на јубилејот 70 години НАТО го организираше британската кралица Елизабета втора.

За дел од македонските „протоколџии“ фустанот на Шеќеринска е целосно неприкладен за настан кој е организиран од британскиот кралски двор.

Причината е во голиот грб кој се гледа на средбата на вицепремиерката со војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон која ќе биде идната кралица на Велика Британија.

Според домашен експерт за протокол кој инсистира на анонимност затоа што не сака неговите коментари да бидат доживеани како политички став тимот на Шеќеринска направил протоколарен гаф затоа што морал да ја предупреди за фустанот со гол грб.

Според него фустанот кој открива дел од грбот а Шеќеринска го носела на ваков високо формален чин кој се случува во Бакингемската палата е пропуст кој не смеел да се случи.

Според општоприфатените правила на облекување на формални собири целта на облекување на фустани со гол грб е да се прикаже или потенцира дел од телото што е неприкладно за настан за НАТО на кралски двор.

Овој начин на облекување потекнува од триесетите години од минатиот век кога станало мода преку соголени делови од грбот да се промовира тен на исунчана кожа.

За други експерти за протокол кои исто така не сакаат да бидат изложени во јавноста Шеќеринска не направила грешка затоа што фустанот не е сексуално провокативен ниту е социјално агресивен.

За да го дадат својот конечен став тие бараат да ја видат поканата за приемот во Бакингемската палата упатена до гостите.

Дури и доколку во поканата пишува дека од гостите се очекува најконзервативен “Бизнис професионален” стил на облекување Шеќеринска според нив не направила голема грешка, сметаат протокол експерти кои инсистираат на анонимност.

За сите што ги консултираше expres.mk најдобро сценарио би било кога се работи за ваков коммплициран настан кој е организизиран од едно од најконзервативните кралски семејства и е комбиниран со светски лидери и воени преставници на НАТО, да не се ризикува и да се биде што е можно поконзервативно облечен.

Дел од грбот на министерката Шеќеринска се гледа на видеото на кое разговара со Кејт Мидлтон а кое таа самата го објави на Твитер.

SHARE