Шеќеринска: По 50 денари од секој граѓанин за мирен сон во НАТО

Членството во НАТО, вели министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, е и паметна одбрана, а парите кои се одвојуваат за членство во Алијансата ги спореди со одвојување 50 денари од секој граѓанин на годишно ниво за кафе.

„50 денари годишно од секој граѓанин е мала цена за сигурно небо и безбеден сон“, нагласи министерката.

Претходно минситерката објасни дека до 2024 година секоја членка ќе мора да одвои два процента од БДП, а потсети дека до 2008 година, државата одвојувала 2,18 проценти од БДП за одбраната.

„Тоа не значи дека ги даваме парите во НАТО, туку си ги вложуваме кај нас, додаде министерката. Државата има академија каде се едуцираат питомци од други држави, полигон каде се вршат вежби, а за македонското небо се грижи членка на НАТО, Грција, нагласи Шекеринска.

Со НАТО членството ќе се задржат и младите во македонската армија, рече министерката Шекеринска, пренесе Прес24.

SHARE