Шеќеринска проговори за буџетска криза (ВИДЕО)

На прес конфернецијата која ја свика за да одговори и да ги демантира обвинувањата од опозицијата за трошење пари за патувања и репрезентација вицепремиерката Радмила Шеќеринска проговори и за буџетска криза.

Одговарајќи на прашање кое што беше пренесено од нејзина советничка а кое се однесуваше на можна финансиска криза на финансирањето на обврските од членството во НАТО министерката за одбрана проговори и за начинот на кој што земјата ќе се соочува генерално со последиците од кризата со коронавирусот.

Прашање:
„Колку кризата ќе влијае на идните финансии резервирани за членството во НАТО и на обврските кои што произлегуваат од членството“?

Одговор: „Во моментот кога ќе завршиме со здравствената криза ќе биде многу појасно како, со кои пари, со колкави средства во различни сектори ќе се справуваме и со буџетската криза“, изјави Шеќеринска на прес конференцијата на која рече дека е јасно дека кризата ќе влијае на државниот буџет во сите сектори но дека главниот фокус ќе биде на здравјете на луѓето и на состојбата во економијата а притоа цената да не ја платат најсиромашните и најслабите.

Пред два дена министерката за финансии Нина Ангеловска изјави дека се уште нема потреба од ребаланс на државниот буџетот.

видеото од прес конференцијата и прашањето и одговорот на Шеќеринска на следниот линк