Шеќеринска сугерира психолошка анализа на “ликовите” на ВМРО-ДПМНЕ

Вицепремиерката Шеќеринска смета дека опозицијата блефира кога бара предвремени избори.

Министерката за одбрана одговарајќи на прашањето дали ќе биде прифатено барањето на ВМРО-ДПННЕ за итни парламентарни избори заедно со претседателските таа не одговара со Да или Не туку со психолошка анализа.

Направете анализа на ликовите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и ќе видите дека тие не сакаат навистина избори, порачува вицепремиерката која барањето на опозицијата го оценува со зборовите “бараме избори а се молиме да не ги добиеме”.

Таа вели дека ВМРО-ДПМНЕ ја поднесла, иницијативата за предвремени избори само 5 минути откако беше усвоен Преспанскиот договор. Според неа целта на Мицкоски е да се смени темата дека владата успешно го решила проблемот со името.

Иако барањето за предвремени избори го смета за блеф сепак Шеќеринска вели дека има аргументи за иницијативата за избори која ќе биде сериозно разгледувана од СДСМ.

Доколку дојде до нови избори СДСМ ќе го спроведе договорот од Пржино, е ставот на партијата.

SHARE

3 Коментари

  1. За Македонија бе Зоран! За државата Македонија! За народот македонски и сите кои живеат во Македонија! За тебе и за мене и за сите граѓани! За сите што сега живеат и за идните генерации!

Оставете Коментар