Шеќеринска зборува за “успехот во Брисел”

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска смета дека нејзината влада постигнала успех во Брисел но не кажува за каков успех се работи.

И покрај катастрофалното одбивање на ЕУ да и даде на земјата датум за преговори иако владата тврдеше дека датумот е добиен уште лани, Шеќеринска тврди дека е постигнат успех.

“Концептот “Едно општество за сите” е суштината на политиките на владата. Успехот во Брисел не е доволен без интеграција во државата. Внатрешната интеграција и кохезија е најголемото економско и безбедносно сидро во општеството. Зад овој концепт да застанеме сите!”, изјави Шеќеринска денеска на дебата за евроинтеграциите.

Вчера францускиот амбасадор Тимоние јавно порача дека во Македонија царува корупција.

SHARE