На седница на собраниската Комисија за надворешна политика денеска би требало, конечно, шест новоизбрани амбасадори да ги претстават своите платформи пред заминувањље на испразнетите амбасадорски места.

Седницата требаше да се одржи во петокот, па одложена за понеделникот, а вчера беше одложена за денеска.

Своите платформи за дипломатски активности ќе ги претстават амбасадорите Теута Агаи Демјаха во Мисијата на Обединетите нации во Женева, Шпреса Јусуфи во дипломатско-конзуларното претставништво во Приштина, Шабан Јашари во дипломатско-конзуларното претставништво во Доха, Светлана Гелева во Мисијата во Советот на Европа, Стразбург, Данчо Марковски во дипломатско-конзуларното претставништво во Тирана и Фатон Бејта во дипломатско-конзуларното претставништво во Копенхаген.

SHARE