Тешка железничка несреќа се случи утринава во Анкара кога супербрз воз се судри со локомотива за маневри, соопштуваат новинските агенции.

Според последни податоци, седум лица загинаа, а 46 други се повредени.

Возот со голема брзина се судри со локомотива за маневри а под силината на ударот се  урна и  пешачки надвозник во станицата Анкара.

Локомотивата не требало да биде на железничката пруга на која се движи возот, рече гувернерот на Анкара.

Несреќата се случи околу 6:30 наутро на станицата Марсандиз.

SHARE