Шилегов бара пари од Влада за трамвај

Веднаш сме подготвени да ја почнеме реализацијата за трамвај во Скопје, но градот со своите буџетски средства не е во можност самостојно да влезе во тој проект, изјави денеска градскиот татко Петре Шилегов.

Според него, изработена е информација што ќе биде доставена до Претседателот на Владата, кој треба да го свика Економскиот совет за евентуално преку ова тело да биде решено финансирањето.

„За мене е императив да воведеме еден современ јавен транспорт во нашиот град. Градот, за жал, со буџетските средства коишто ги има не може сам да ја спроведе таа акција, меѓутоа врз основа на она што како договор го имам постигнато со Претседателот на Владата очекувам дека Владата ќе помогне во финансирањето на јавниот транспорт. Доколку се обезбедат средствата градот е спремен, што се вели уште денеска, да ја почне постапката“, вели Шилегов.

SHARE