Шилегов до Груевски: Пливај мали!!! Ауууу, Маџарска нема море…

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов промптно реагира на критиката од поранешниот македонски премиер Никола Груевски преку Фејсбук, без да го спомне по име, но јасно мислејќи на него.

„Кон крајот на август месец, градот Скопје ќе објави постапка за Смарт сити, која вклучува и лед осветлување на улиците.

Така што, сите улици ќе бидат осветлени …

Ленинова на пример ?

А да !!! И Мексичка

Пливај мали !!! Ауууу, Маџарска нема море …“, се обиде да биде духовит Шилегов на Фејсбук.

Неколку часа претходно Груевски за скопскиот градски татко напиша:

„Но, (Заев – н.з.) не е сам. Опкружен е со забавни ликови ‘кои не се мешаат во својата работа’ од типот на градоначалникот Петре 🎷кој тунелот под Кале, или мостот или трамвајот не ги ни почна🧘🏻‍♂️, ама најави дека преку (се разбира фингирана) анкета, ќе ги менувале имињата на улиците во Скопје бидејќи многу имиња на улици не ја одразувале нашата реална историја (што не е правило при именување улици), па во истата реченица потенцирајки дека улицата ‘Петре Пирузе Мајски’ требало да се замени со старото име ‘Мексичка’. 
Дали градоначалникот Петре пак ги помеша брзините па македонскиот комунист, учесник во НОБ и прв повереник (министер) за правосудство на федерална Македонија кој подоцна е затворен на Голи Оток, но и рехабилитиран во 1966г. и кој ја поддржувал идејата за обединување на Македонија во рамки на југословенската федерација или во состав на можна идна (во тоа време) Балканска федерација, го избриша од Македонската историја или пак е нешто друго, е нејасно, но јасно свативме дека ‘Петре🥛🛴ќе го менува и ќе го брише Петре🗽’. 
Овој денешниот Петре🛴 на кого пред некој месец му свиреше цел плоштад народ ќе го бришел командантот на Втората оперативна зона и раководител на Народноослободителната и антифашистичката борба во западниот дел на Македонија, кој бил и член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и во октомври 1943 година бил еден од потписниците на Манифестот на главниот штаб. Пирузе бил член и на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, а бил избран и за делегат на Второто заседание на АВНОЈ. Петре Пирузе Мајски бил и делегат на Првото заседание на АСНОМ на кое бил избран во неговиот Президиум. За разлика од Петре🥛🛴 кој една нова улица не изгради во Скопје, историчарите запишале дека: ‘Петре Пирузе Мајски бил напреден народен трибун во секој поглед, кроток човек на кого можело да му се верува и насекаде привлекувал нови борци. Него го сакале сите, децата, младинците и старците и луѓето се радувале при секоја средба со него. Повеќе пати, во миговите на восхит и воодушевување, дури и го носеле на раце’. 
Нашиот денешен Петре🥛 🐶 заедно со неговиот шеф Зоки 🤞 не дај боже да им паднат🚒 на луѓето во раце во некоја темна уличка… ↩️🥊👳‍♂️👳‍♂️💤🧹
Прекарот на Петре Пирузе значел свежина, новина, раѓање, будење, цутење, радост, име пренесувано од уста на уста, од човек на човек.
Во негова чест е испеана песната „Топови грмат, земјата трештит“… Е тој Петре💣🧨, нашиов Петре 🍼🍿ке го бришел оти улицата му била во маало😆😇“.

SHARE