Подготовки за утрешното садење на јапонските цреши на Максим Горки. Дрвата мораа да бидат одстранети во петокот, заради болест (констатирана пролета 2017). Се обидовме да ги спасиме. Кога оваа пролет стана извесно дека нема да можеме да ги спасиме, набавивме нови и обновата на дрворедот ја испланиравме за оваа есен, информираше градоначалникот на Скопје на Фејсбук

Очекувам, пишува Петре Шилегов, дека “душегрижниците” и “сезнајковците” ќе се појават утре на засадувањето на дрворедот. Ако не се појават, ќе ги засадиме и без нив ?.

Се грижиме за градот и работиме плански.