Шилегов ќе одлучи дали Бени Шаќири ќе биде директор на МКЦ

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов ќе одлучи кој ќе биде директор на Младинскиот културен центар во Скопје (МКЦ), откако ќе бидат разгледани двете пријави што стасале на конкурсот кој се оддолжи поради претседателските избори, дознава Плусинфо.

Денеска реагираа македонски културни работници, уметници и граѓански активисти кои преку отворено писмо до премиерот Зоран Заев побараа да нема промени во управувачката структура на МКЦ.

Нивната реакција следуваше по неофицијалните информации на социјалните мрежи дека прв човек на МКЦ ќе биде музичарот Бени Шаќири. 

SHARE