Градот Скопје ги информираше сите претставништва на странски држави во нашата земја дека своите службени возила треба да ги паркираат исклучиво на предвидените паркинг-места во градот, а во спротивно, возилата со дипломатски таблички ќе имаат ист третман како и сите други непрописно паркирани возила, пренесува „Фокус“.

„Во изминатиов период, градоначалникот на Град Скопје неколкупати писмено се обраќаше до амбасадите кои не ги почитуваат прописите за паркирање со потсетување дека своите службени возила треба да ги паркираат на површини означени како паркиралишта.

Од Град Скопје стојат на ставот дека законите треба да важат за сите, а и во Виенската конвенција за дипломатски односи се наведува дека дипломатските претставници треба да ги почитуваат локалните закони и прописи.

SHARE