Шилегов немал ингеренции да ги урива платформите на Матка

Според Законот за локална самоуправа Град Скопје нема ингеренција да се справува со дивоградбите на територијата на градот, објасни денеска градскиот татко.

Тие ингеренции, согласно Законот, се во надлежност општините што се во рамките на административните граници на град Скопје, објасни денеска градоначалникот Петре Шилегов, одговарајќи на советничко прашање.

„Секоја инспекција треба самостојно да си ги организира сопствените служби, вклучително и градежната инспекција. Ние што можеме да го направиме како град, тоа го правиме“, рече Шилегов.

Според него, да имал Градот ингеренции да урива на територијата на општина Сарај, тоа ќе го сторел.

SHARE