Шилегов се пофали дека на местото за несудениот Клинички центар изградил паркинг, и тоа – осветлен

Откако го пушти во употреба новиот паркинг на местото што беше предвидено за изградба на нов Клинички центар во кампусот „Мајка Тереза“ и го промовира со галерија фотографии на Фејсбук под мотото „Скопје, една поинаква приказна“, скопскиот градоначалник Петре Шилегов подоцна се пофали и дека паркингот е – осветлен.

Една од реакциите за градежниот потфат на членот на Централниот и на Извршниот одбор на владејачкиот СДСМ дојде од Твитер:

Од тие што се одушевени од неимарството на градскиот татко на „столицата“, пак, добронамерна сугестија: „На овој паркинг му треба нешто за сенка за да возилата кои ќе бидат паркирани преку лето да можат да се разладуваат инаку секоја чест“.

SHARE