Градоначалникот на Скопје најави дека следната година стартува изградбата на првата траса од капиталниот проект трамвај во Скопје, од Ново Лисиче до населбата Ѓорче Петров.

Решението е изготвено, а проектот ќе го помогне и владата, вели градоначалникот Петре Шилегов за порталот Сакам да кажам..

Според првичните проценки, изградбата би чинела од 130 до 150 милиони евра, а парите ќе обезбедат од европски фондови или од буџетот на Владата.

Шилегов смета дека тоа не е прескапо за изградба на шините, депото и набавка на возила, особено ако се има предвид дека за набавката на двокатните кинески автобуси биле потрошени 80 милиони евра и повторно имаме проблем со јавниот транспорт во Скопје.

SHARE

Оставете Коментар