Скопскиот градоначалник Петре Шилегов не отстапува од најавата дека ќе продолжат активностите за остранување на дивоградбите што се под надлежност на Градот, а се дел од проектот Скопје 2014.

„Мојот став е непроменет. Градот упорно ги тера тие работи што ги има. Тоа се три галии и пет споменици, од кои еден е тргнат, а две од галиите се во тек на отстранување. Тоа е она што е наша јурисдикција. Но, ги охрабрувам и општина Центар и Министерството за култура како институции носители во тој проект да продолжат да ги преземаат оние работи кои согласно закон треба да ги преземат, а тоа е да ги отстранат дивоградбите наречени Скопје 2014“, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање.

Шилегов вели дека нема компромисен став во однос на објектите од Скопје 2014, и потсетува дека институцијата со која раководи е единствената институција која досега има отстрането такви обележја.

SHARE