Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ја повика Македонската православна црква да го прославува Божиќ според грегоријанскиот, а не според јулијанскиот календар.

„Минатата година работевме до Божиќ, ако се сеќавате, меѓутоа не беше веќе голем интересот на граѓаните. Некако како да се празни атмосферата околу новогодишните празници.

Можеби правото прашање е зошто МПЦ не го смени календарот, па да го правиме Божиќ како цел свет“, вели градоначалникот.

Православните верници го празнуваат Божик на 7 јануари.


SHARE