Шкендија подобра од Вардар во дербито на стартот од пролетниот дел

Водечката Шкендија славеше со 1:0 против Вардар во дербито на првото пролетно коло од Прва македонска фудбалска лига и ја зголеми предноста на осум бода во однос на скопските „црвено-црни“.

Стрелец на единствениот гол беше 19-годишниот играч за врска од Албанија, Омар Имери.

Академија Пандев убедливо ја совлада Македонија Ѓорче Петров со 3:0 и му се доближи на второпласираниот Вардар само на два бода.

Преостанатите три мелча од 19. коло завршија нерешено: Победа – Беласица 1:1, Работнички – Ренова 1:1 и Силекс – Шкупи 2:2.

Табела: Шкендија 43 бода, Вардар 35, Академија Пандев 33, Работнички 27, Шкупи 24, Ренова 22, Македонија ЃП 21, Силекс 19, Победа 18 и Беласица 18.

Следно коло (24 февруари): Беласица – Академија Пандев, Македонија ЃП – Шкендија, Работнички – Силекс, Ренова – Вардар и Шкупи – Победа.

SHARE