Шок од Париз: НАТО е клинички мртов

Францускиот претседател Емануел Макрон тврди дека НАТО има мозочна смрт.

Тој ги предупреди европските земји дека тие не можат повеќе да се потпрат на тезата дека САД ќе ги брани своите сојузници во НАТО.

“Во моментов се соочуваме со мозочна (клиничка) смрт на НАТО”, вели Макрон во интервју за весникот Економист.

Според него Европа стои пред бездна и треба да започне да размислува за себе стратешки како геополитичка сила.

Во спротивно Европа нема да може да има контрола на својата судбина, смета Макрон.

Францускиот претседстел смета дека е време Европа да се разбуди.

Запрашан дали верува во ефективноста на членот 5 од повелбата на НАТО според која сите членки ќе дојдат на помош на нападнатата земја тој не е оптимист.

но не знае дали

“Не знам, но што ќе значи членот 5 во иднина” одговара Макрон предизвикувајќи контроверзи за иднината на алијансата.

SHARE