Секретарот на грчката партија „Независни Грци“ на Панос Каменос поднесе оставка.
Тимос Дросос оставата ја сопштил преку порака на Фејсбук.
Нема објаснување кои се причините за повлекувањето, но ова се третира за шокантен удар за партијата која е коалиционен партнер во владата и која се соочува со осипувањето на бројот на пратеници со што го доведува во прашање опстојувањето на коалицијата СИРИЗА-Независни Грци(АНЕЛ).
Оставката доаѓа по „скандалот“ на партискиот лидер Каменос на чие барање беа уапсени новинари на „Филефтерос“ за напис во кој го поставуваат прашањето за сомнително трошење на европски пари за мигрантите сместени во Грција, односно дека дел од тие средства наводно завршиле кај бизнисмени блиски до Каменос кој е министер за одбрана а неговото министерство управува со дел од средствата.
Истрага за сомнително користење на европските фондови отвори и Европската канцеларија за борба против измами (OLAF).