Владата на шпанскиот премиер Педро Санчес побара од Парламентот протоколот за прием на Македонија во НАТО, да биде ратификуван по итна постапка.

Шпанија е последна од 29-те членки на НАТО што тоа го нема направено, бидејќи подолг период немаше влада.

„Неопходно е ратификацијата да биде по итна постапка со цел да не се одложуваат заложбите на Шпанија како сојузник во НАТО за прием на с. Македонија во Алијансата“, се вели во образложението на шпанската Влада пренесе МИА.

SHARE