Врховниот суд на Шпанија издаде европска потерница за поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пуџдемон, откако судот претходно ги осуди водачите на Каталонија на девет до 13 години затвор, објави Ројтерс.

Тие беа осудени за бунт и употреба на јавни пари за организирање на референдум за независност на Каталонија што беше забранет од Уставниот суд.

Пуџдемонт е во егзил во Белгија од 2017 година.

„Вкупно 100 години затвор. Време е да реагираме како никогаш досега. За иднината на нашите синови и ќерки. За демократија. За Европа. За Каталонија“, напиша Пуџдемон на Твитер.

Жителите на Каталонија, автономна провинција во северо-источна Шпанија, денеска организираа протести.

SHARE