Шпанскиот парламент пред тешка и историска одлука

Новата шпанска влада до парламентот достави предлог-закон со кој ќе се овозможи еутаназија и помагање на самоубиство во одредени случаи, отворајќи ја одново жестоката дебата за тоа дали да се декриминализираат овие две практики, објави Ројтерс.

Евтаназијата или смрт од милосрдие, подразбира лекар кој е активно вклучен во прекинување на животот на пациентот, додека во случај на самоубиство, лекарот му обезбедува смртоносна супстанција на пациентот кој тој сам ја зема.

Според сегашниот закон, за помагањето на некој да стави крај на својот живот, предвидена е казна затвор до 10 години, но 84 проценти од Шпанците се за декриминализација, покажа последното истражување во 2018 година.

Пое двата претходни обиди за промена на законот поради немање поддршка, се верува дека владата има речиси загарантирано мнозинство.

„Станува збор за болести за кои не постои лек и кои предизвикуваат големи страдања“, вели портпаролот на владата Марија Исус Монтеро, додавајќи дека лекарите кои се спротивставуваат на евтаназија, не се принудени да ја спроведат.

Католичката црква, која е многу влијателна во Шпанија, смета дека еутаназијата е морално лоша, како и најголемата опозициска Народна партија и екстремно десничарската партија Вокс.

SHARE