Штаб на Силјановска: „СДСМ да си најде добри адвокати“

„Паничната реакција на СДСМ од каде што во иста реакција велат дека воопшто немаат апликација за избори и во исто време дека таа била само за членови на партијата укажуваат на сериозен проблем во Македонија.
Фактот што кратко по изјавата на граѓанскиот штаб на Гордана Сиљановска – Давкова за спорната апликација за која се бара реакција од Јавното обвинителство, апликацијата е избришана од сервисот Google Play доволно говори за проблемот со кој се соочува Македонија“, велат од Граѓанскиот штаб на кандидат за претседател Проф. Др. Гордана Сиљановска – Давкова


„Кој ја инсталирал и кој денеска ја избришал апликацијата со назив IZBORI 2019 KC SDSM ќе утврдат надлежните институции пред се Јавното Обвинителство и Државната комисија за заштита на личните податици за кои се надеваме дека уште денеска во соработка со МВР презеле соодветни мерки и активности за расчистување на случајот.
Граѓанскиот штаб на кандидатката за претседател Гордана Сиљановска Давкова им сугерира на одговорните во СДСМ да најдат добри адвокати и да ги информираат сите вклучени во оваа спорна партиска активност дека ќе одговараат за секое прекршување на законот.

Во исто време ги повикува сите членови на тимот кој што ја спроведувал операцијата за нелегално прибирање на лични податоци и мета дата да се консултираат со правните застапници за нивниот дел од одговорноста.

Нарушување на приватноста, злоупотреба на лични податоци и нарушување на изборниот процес се сериозни кривични дела за кои не може никој никого да амнестира.
Правната држава во Македонија мора да се воспостави, овие избори и победата на професорката Гордана Сиљановска Давкова и покрај нечесниот и нелегален обид на власта да влијаат нечесно на изборите ќе докажат дека граѓаните се против партиски инсталации кои го кршат законот и основните уставни начела“, велат од Граѓанскиот штаб на кандидат за претседател Проф. Др. Гордана Сиљановска – Давкова.

SHARE

9 Коментари

  1. Педерче Николче , ем пушиш ем те ебат од СеДеСеМое. Биди нивни адвокат сега. Гљупану , џаф , џаф џаф . . . .

Оставете Коментар