Штипјани направија „шопска“ од 300 кила за „Гинис“

Постигнат е новиот светски рекорд во подготовка на шопска салата. Тешка е над 300 килограми, а ја правеа околу 30 студенти од Факултетот за туризам и бизнис логистика при универзитетот „Гоце Делчев”-Штип, средношколците од угостителската струка од СОУ „Коле Нехтенин” и вработените во ресторанот „Канал 77″-Штип.

Универзитетскиот професор Нако Ташков рече дека Штип надалеку е прочуен по пастрмајлијата, а сега и по новиот светски рекорд во подготовка на шопска салата.

За да биде се регуларно, подготовката на салатата ја контролираше тричлено жири, составено од врвни готвачи-професионалци и претставник од Агенцијата за промоција на туризмот.

Членот на жирито Марк де Јонг ги повика присутните да пробаат од салатата.

– Сите се добредојдени да пробаат од салатата, а добра салата оди со добра ракија. Има околу 330-340 килограми шопска, па вие проценете колку ракија ќе треба, рече Де Јонг.

Шопската салата, која со над 300 килограми  е нов светски рекорд, пренесе Курир.

SHARE