Што бараат агенти на Агенцијата за разузнавање со службено возило на митинг на СДСМ? (ВИДЕО)

Службено возило на Агенцијата за разузнавање е забележано во денешниот конвој возила на СДСМ на предизборната кампања во Штип.

Возилото марка “Грејт Вол” сива боја кое е регистрирано на име на Агенцијата за разузнавање каде директор е Еролд Муслиу поставен од претседателот Стево Пендаровски не смеело да биде на оваа локација по ниедна основа.

Џипот според извори кои работат во агенцијата го користат вработени во Директорат за безбедност во АР а внатрешна истрага ќе треба да покаже зошто возачот и возилото во неработен ден се наоѓа во конвојот за обезбедување на партискиот лидер на СДСМ Зоран Заев.

Истрагата ќе треба да покаже кој потпишал налог за употреба на ресурси на АР во земјата во недела и тоа на место каде што има партиски митинг на СДСМ, нешто што е спротивно на сите препораки на Прибе и на статусот на АР.

Агенцијата за разузнавање има овластувања за вршење на задачи надвор од земјава и идентификација на закани од странство.

Претседателот Пендаровски има обврска да објасни пред јавноста зошто агенцијата под негова надлежност испратила агенти на митинг на неговата партија СДСМ.