Што и е ветено на МПЦ-ОА во замена за молк за референдумот?

Добро упатени извори блиски на светиот синод на МПЦ – ОА тврдат дека владиците и архиепископот Стефан добиле ветување од дел од црковни структури во соседството дека до референдумот може да започне процес на признавање на македонската црква.

Во замена за придвижување на процесот од МПЦ и владиците се бара да молчат во кампањата за референдумот односно да не искажуваат никаков став.

Во последниве неколку месеци на прсти може да се избројат јавните настапи на црковните претставници на тема име, устав и референдум.

Откако деновиве на дел од владиците им станало сомнително зошто најавените придвижувања во црковните кругови и покрај најавите се уште не започнуваат, во јавноста излезе документ на МПЦ од лани во кој се инсистира дека не треба да има промена на името и уставот.

Дел од набљудувачите објавувањето на документот од 2017 година го толкуваат како сигнал дека доколку работите околу признавањето на МПЦ – ОА не се раздвижат веднаш Синодот или дел од владиците индивидуално ќе се вклучат во систематска кампања против менување на името и уставот на джмавата на референдумот