Што ја натера Дескоска да тргне контра Заев: Јанева не мора да биде шефица на СЈО

Министерката за правда Рената Дескоска Треневска вели дека СДСМ или премиерот не се тие што ќе одлучуваат дали Катица Јанева ќе биде шефица на СЈО оставајќи можност Гевгеличанката да не го води ова тело.

Со овој став искажан за емисијата Фактор Магазин со Горазд Чомовски што се емитува на Вести 24 Дескоска оди контра ставот на премиерот Заев кој неодамна рече дека апсолутно не дозволува смена на Јанева со друг обвинител.

Дескоска сега вели дека според сегашниот предлог специјален обвинител ќе го бира Советот на јавни обвинители а не Заев или друг политичар што е драматично отстапување од позицијата на СДСМ во преговорите со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за Законот за СЈО.

Неодамна во интервју за МИА, македонскиот премиер Зоран Заев беше дециден дека нема намера да ја смени Јанева од Специјалното јавно обвинителство и ја смета за симбол на вратената надеж во правната држава

Премиерот Зоран Заев во интервјуто изјави дека е подготвен на флексибилност во однос на барањата на опозицијата за позицијата на СЈО, но не сака смена на главната обвинителка Катица Јанева.

„Апсолутно не“, одговари Заев на прашањето на МИА, дали е подготвен да ја смени Јанева.

„Тоа е за мене институционално прашање, од причина што навистина Катица Јанева и нејзиниот тим на обвинители, истражители и сите што работат беа во едно многу тешко време трошката надеж на враќање на правната држава, која ете почна да се враќа во нашата земја. Јас сум убеден дека не смееме да испраќаме лоши пораки до оние кои опстоиле, пркоселе, верувајќи во државата, во системот, во уставот и законите, во тешко време. Треба да ги поддржиме нивните капацитети. Јас ги слушам и критиките од опозицијата, и не дека немам разбирање за нив, но предностите на вака создадена институција, со овие луѓе е навистина голема предност за Македонија“, изјави тогаш Заев.

Дескоска во интервјуто за Фактор Магазин не открива зошто Јанева веќе не и е толку важна на СДСМ како шефица на СЈО но промената на позицијата на владеачката партија отвара дилема за шпекулациите што постојат во јавноста за инволвираност на првиот човек на СЈО во одредени дејствија кои сега ја прават товар за Заев и неговата партија.

Видеото во кое Дескоска практично јавно се откажа од Јанева

Медиумските извештаи во кои Заев апсолутно не ја даваше Јанева како шефица на СЈО на овој линк

SHARE