Што (ќе) смее, а што не да се постира на „Фејсбук“

Фејсбук за прв пат објавува детални упатства за тоа што не е соодветно за објавување на таа социјална мрежа,.

Меѓу другото, забрането е да се презентираат реални насилни закани или акти на сексуално насилство; промоција на тероризам или снимнки од забранет лов на загрозени видови; обиди да се купи марихуана, продавање огнено оружје или лекови;

Забрането ќе бид постирање на инструкции за самопвредување, прикажување на малолетници во сексуален контекст; и „извршување повеќе убиства на повеќе места или во различни периоди“.

Повеќето од овие работи веќе се забранети на Фејсбук во рамките на „стандардите на заедницата“, но тие се прилично широко дефинирани. Новите инструкции ќе одат во детали.

Измените на стандардите ќе ги следат 7.600 модератори преку разгледување на сомнителни постови и ќе одлучуваат дали да ги отстранат од социјалната мрежа и во некои случаи дури и да ја алармираат полицијата.

SHARE