Што му порачаа претендентите на тронот во ВМРО на Заев за дебаклот во ЕУ?

Проверка на медиумите и профилите на повеќе опозициски политичари кои најавуваат предвремен конгрес на партијата за да го сменат актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека одговорот прашањето од насловот на текстов е “ништо”.

Ниту во изјава за медиумите ниту во колумни ниту пак на профилите на фејсбук твитер кај таканаречените “Мијалковисти” нема ни збор за дебаклот со датумот за ЕУ на Владата, СДСМ и Зоран Заев.

Ниту еден член на групата позната како “МК Мериот” во која влегуваат екс шефот на УБК Сашо Мијалков, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, екс министерот за здравство Никола Тодоров, екс градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски не побарал одговорност од Заев против кого тврдат дека сакаат да се борат ако ја преземат ВМРО-ДПМНЕ.

Молчи и Никола Попоски кој е предводник на друга групација која сака промена на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Цели 5 дена овие претенденти з преземање на опозицијата молчат за најголемото фијаско што и се случило на Македонија на патот кон ЕУ по голема заслуга на Зоран Заев, Никола Димитров и владата што ја предводат.

Некои од нив деновиве на своите профили коментирале за фудбал или за други теми но не кажале ниту збор за блокадата од Бугарија во ЕУ за која дури и членови на СДСМ бараат одговорност од Заев и сопствените функционери.

Луѓето што помагаа со насилство да се смени уставот за промена на името со цел да се отвори патот кон ЕУ сега молчат за одговорноста на тие што Македонија ја клекнаа на колена по што сепак и беше пресечена главата.

SHARE