Што содржи мистериозниот предлог на Заев за СЈО

Обвинителатво за висока корупција кое би гонело само високи државни функционери е најновиот предлог на премиерот Заев кој го промовирал на средбата со тимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова обвинителство би функционирало паралело со обвинителството за организиран криминал и корупција што го води Вилма Русковска, брифираат партиски извори во СДСМ според кои на тој начин би се направил баланс меѓу власта и опозицијата, што признаваат дека е неуставно но единствено можно за да се придобие опозицијата да гласа за законот за новото СЈО.

Ова обвинителство би го водел обвинител предлог на опозицијата но без гаранции дека тој би поминал во Собранието и во Советот на јавните обвинители.

За да биде формирано неопходно е Мицкоски да се согласи во него по автоматизам да се инкорпорираат сите колеги на Катица Јанева без можност шефот на ова тело или други обвинители да водат случаи со што Специјалниот обвинител ќе добие статус на англиска кралица.

Друг проблем со предлогот на Заев е што новото обвинителство би започнало да работи за најмалку 5 месеци од сега или реално по парламентарните избори со што СДСМ ќе ги спаси сите свои функционери за кои има индиции дека се дел од криминал.

Посебен проблем на новото обвинителство е што сите случаи со високи функцонери кои што се веќе во тек како случајот Рекет ќе останат под надлежност на Русковска.

Не е јасно ниту дали ако ОЈО поведе случај против некој функционер тој ќе може да биде гонет и од новото тело.

Пропаст на преговорите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Заев со нов мистериозен предлог

SHARE