Што содржи планот на СДСМ за враќање на рејтингот преку уривање на ДУИ?

Планот на СДСМ за враќање на рејтингот на партијата преку уривање на Али Ахмери, за кој говорат повеќе извори во ДУИ протекол преку еден од советниците на премиерот кој се обидел да ги смири страстите меѓу двете партии – владини коалициони партнери но засега не успеал во тоа.

Во ДУИ се уверени дека СДСМ им подготвува стапица преку “независното” обвинителство по претседателските избори и затоа вчера Талат Џафери одбил да ја спроведе нарачката на Заев за создавање услов за притвор за екс спикерот Вељановски.

Планот на СДСМ е резултат на информациите од анкетите според кои јавноста е особено алергична што Заев спроведува селективна правда при што се гонат само Македонци а членовите на ДУИ се толерираат.

Затоа според планот, СДСМ свесен дека рејтингот на партијата особено кај Македонците се намалува стрмоглаво, започнал со подготовки за кривично гонење на еден свој локален функционер но и неколку високи функционери на ДУИ.

Еден од нив е вмешан во скандалот со 19 милони евра што исчезнале од ПИОМ кој го отвори Царовска, друг е екс градоначалник на голема општина а третиот е висок функционер во Владата и во ДУИ.

За едниот има доволно докази да биде веднаш притворен и обвинет, за другите двајца требало да се бара притвор но едниот требало да биде оставен на слобода дури затоа што неговото апсење ќе испратело лош сигнал за владата во Брисел.

Планот требало да започне со трансформација СЈО како дел од ОЈО неколку месеци по претседателските избори на кои Заев сака да оди заедно со ДУИ. Причината за заеднички кандидат е Заев да не доживее тотално фијаско кое му го навестуваат анкетите поради што самиот одбил да биде кандидат.

Свесни дека ДУИ при апсење и кривични пријави за нивни влијателни членови може да ја напушти владата Заев веќе со месеци работи на сценарио со владеачко мнозинство без пратениците на ДУИ, тврдат добро информирани извори во оваа партија.

СДСМ смета на мнозинство во Собранието без ДУИ кое што ќе му дозволи да владее до септември 2020 година кога ќе мора да ја предаде власта на техничка влада согласно Пржинскиот договор.

Заев засега за влада без ДУИ смета на неговите 49 партеници, плус 2 од ГРОМ, еден од ДПА, Амди Бајрам, еден пратеник Турчин, 8 независни и 5 од двете крила на БЕСА.

Во калкулациите за владино мнозинство СДСМ би барала поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ и од Зијадин Села за малцинска влада ако некои од овие максимални 67 пратеници се приклонат кон ДУИ или не ја поддржат СДСМ.

Со ваква разврска СДСМ мисли дека може да ја убеди јавноста дека суди и членови на ВМРО и на ДУИ и дека Заев навистина се бори за правда и законитост.

Откривањето на планот на СДСМ од страна на ДУИ целосно ја менува ситуацијата во која и партијата на Ахмети е во незавидна положба и се уште размислува дали да влезе во отворен конфликт со СДСМ.

Во ДУИ се свесни дека ако одат со свој кандидат за претседател во албанскиот блок може да загубат од коалицијата составена од Алијансата и БЕСА со што целосно ќе го загубат легитимитетот и преговарачката позиција во сегашната владина коалиција но и при идно коалицирање за власта.

На Ахмети му е јасно дека најмалку 60 илјади Албанци од кои голем дел гласачи на ДУИ ќе гласаат за кандидатот на Заев кој има какви такви шанси за победа.

Од друга страна ако влезат во коалиција со консензуален кандидат со СДСМ немаат начин во јавноста да прикажат колку од гласовите се нивни а колку на Заев со што на Касами и Села им даваат огромен простор да тврдат дека се најголема политичка сила во албанскиот блок.

SHARE

1 Коментар

  1. […] Планот на СДСМ за враќање на рејтингот на партијата преку уривање на Али Ахмети, за кој говорат повеќе извори во ДУИ протекол преку еден од советниците на премиерот кој се обидел да ги смири страстите меѓу двете партии – владини коалициони партнери, но засега не успеал во тоа, пишува express.mk […]

Comments are closed.