80 милиони денари за кампања ќе му бидат ставени на располагање на Собранието на Република Македонија како предлагач на референдумот, одлучи владата на вчерашната седница.
Ќе се формира Координативно тело за спроведување на референдумот со кое ќе раководи спикерот Талат Џафери, а Собранието ќе им даде можност на сите пратеници кои се „за“, „против“ или за „бојкот“ на референдумот да можат да ги изразат своите ставови и аргументи пред јавноста.
Кампања ќе води и владата преку социјалните медиуми Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Јутуб за што ќе се одвојат 400.000 денари од буџетот на Генералниот секретаријат на владата.
Професорот Димитар Апасиев, вчера преку својот Фејсбук профил предупреди дека „користењето буџетски пари за кампања е кривично дело против изборите и гласањето, според нашиот КЗ“.
Да не речат утре дека не знаеле, вели Апасиев.
Тој потсетува на толкувањето од Венецијанскиот кодекс за добри референдумски практики при Советот на Европа (2007):
„Јавните власти не смеат да влијаат на исходот од референдумот со прекумерна и еднострана кампања! Употребата на јавни фондови од страна на властите во кампањата мора да биде забранета“.