Што значи различниот третман за обвинетите во Рекет? (ФОТО)

Два моменти во случајот Рекет навестуваат можна разврска која и досега беше анализирана во јавноста.

По денешниот трансфер на обвинетите Катица Јанева и Игор Милевски Кичеец до судот се погласни се шпекулациите дека Катица Јанева треба да биде обвинетиот кој заедно со Боки 13 треба да преземе поголем дел од вината а Кичеец преку некаков вид на соработка со институциите и да добие помала казна.

Најновиот повод за овие шпекулации е начинот на кој Кичеец беше донесен денеска во судот.

Имено Милевски беше донесен со луксузно возило на МВР а Јанева со полициска “марица” односно комбе во кое има решетки.

Дополнително во текот на изминативе два месеци провладините и медиумите под директна контрола на власта постојана ја држеа високо темата Катица Јанева а за Кичеец пишуваа само спорадично иако тој заедно со Боки 13 лично ја носеше торбата Луј Витон полна со 1 милион евра добиени од Орце Камчев.

Дополнително Кичеец е дел и од аферата Рекет 2.

SHARE