Шуклева: Баравме 70 проценти, а ни одобрија само 11 отсто зголемување на цената на струјата

„Струјата не треба да биде социјална категорија … вели директоркта на МЕПСО, Ева Шуклева.

Ние знаеме каква е ситуацијата во државата, сите нас и мене ми е поскапена струјата, врз сите влијае тоа. Меѓутоа компанијата мора да продолжи да работи.“, вели директорката, како шрто пренесува ТВ21.

Според неа, МЕПСО побарала 70 %покачување на струјата, компанијата добила само 11 проценти.

„Знаевме дека тоа е непопуларна мерка. Нашиот дел кој го побаравме 70 посто, а добивме 11 посто во некоја просечна сметка ќе влијаеше 23 денари тоа беше нашата пресметка ние побаравме 70 посто добивме 11.Нашиот удел во поскапувањето е некои си 5 денари. Не веруваме дека поскапувањето на електрична енергија ќе влијае врз потрошувачката.“, рече Шуклева.

АД МЕПСО учествува со само 4,2 проценти во вкупната цена на електрична енергија, вели Шуклева.

SHARE