Џими Акесон, лидерот на шведските демократи – десничарска партија која според анкетите во пресрет на изборите за Европскиот парламент се наоѓа на второто место – предлага шведските затвореници да ги испрати во другите земји од Европската унија, поточно во Хрватска, Романија или пак во Естонија.

Според Акесон, еден од најгорчливите проблеми во Шведска е состојбата со тамошните затвори и вели дека во Шведска еден ден на затвореник чини 370 евра, додека во Хрватска, Романија и Естонија затворскиот ден чини 50-тина евра.

Шведската затворска популација во последните 10 години се намали за 24,4% и сега изнесува 56,6 затвореници на 100.000 жители – станува збор за една од најниските стапки во Европа.

Извор: PressCentar.mk

SHARE