Неверојатното достигнување на легендарниот Сергеј Бубка, кој на 21 февруари  1993-та година скокна 6,15 метри во салата „Дружба“ во Доњецк, подвиг кој речиси 21 година никој не можеше да го достигне, но на 15 февруари 2014-та го престигна Французинот Рено Лавилени кој скокна фантастични 6,16 метри на истото место.

Јавноста и љубителите на атлетиката и скокови во вис чекаа до 8 февруари 2020-та година, кога младиот Арман Дуплантис леташе „авионски“ високо како никој и никогаш претходно.

„Клубот 6 метри е елита“, коментираа коментаторите во преносот.

Сергеј Бубка прв ја надмина надреалната граница од 6 метри скок во висина а од тогаш само 23 спортисти успеале во ова.

Дуплантис има 20 години а веќе е освојувач на сребрен медал од Светското првенство 2019 година и Европски шампион од 2018-та. Неговите резултати се подобри од година во година, така што неговиот рекорд меѓу познавачите на материјата, не е големо изненадување.

Офф.нет

SHARE