Дваесетгодипниот Арманд Дуплантис вчера го собори светскиот рекорд во скок со стап, стар 26 години.

Новиот рекорд е 615 сантиметри.

Рекордот на Сергеј Бубка беше 614 см.

Рим вчера местото што засекогаш ќе остане запаметено по спектаклот што го приреди Дуплантис.

Легендарниот Украинец Сергеј Бубка го постави рекордотод 6,14 во 1994 година во Сестриере и се чинеше дека никој нема да го сруши, сè до појавувањето на Арманд Дуплантис.

Швеѓанецот е апсолутен рекордер, оваа сезона тој скокна најпрво за 617 см во сала, а потоа и за еден сантиметар повисоко, а сега го држи и другиот, ќе речат некои, најважен рекорд.