Швеѓаните со микрочип ќе плаќаат железничка карта

Дури три илјади луѓе се одлучиле за вградување поткожни чипови во Шведска , проект што го спроведува Компанијата “Biohax”.

Поддршка дале и локалните власти, а една од првите можности што ја дава чипот е – плаќање на железничка карта!

Следна станица за ширење на бизнисот е Италија, пишува “Euronews”. Ерик Ларсен, Швеѓанец на чело на тамошниот огранок, наведува дека чека само одобрение од италијанското министерство за здравство.

“Оваа технологија настана за да ни помогне. Тоа е како да имате мали супер моќи”, објаснува Ларсен.

“Повеќето луѓе не сфаќаат дека нашите чипови немаат “GPS” и дека ние не ги следиме клиентите. Но јасно е дека луѓето се плашат бидејќи за слична технологија имаат видено само во холивудските филмови”, вели Ларсен.

“Лично, тука не гледам ништо лошо. Тоа е пасивна технологија, ја контролира сопственикот. Треба да бидете многу блиску за податоците да се вчитаат. Ни вградувањето не е болно, како да ве боцнала оса”, вели шведскиот “IT” експерт Мартин Левин, кој веќе три години има два чипа во раката.

“Станува збор за иста технологија како кај картичките во банките, и ризиците се исти.

„Но – како што предупредува Роб ван Ајк од Европскиот форум за иднина на приватноста – постои можност некој да го фати сигналот. Уште поголема е компликацијата ако идните верзии следат податоци за вашето здравје или ако содржат други приватни информации”,

Компанијата истакнува дека нема причини за страв. Големиот пресврт и масовното користење на чиповите очекуваат со развојот на технологија со која чипот ќе функционира како паричник.

“Се надевам дека плаќањето ќе стане главна функција. Очекувам иднина во која чипот ќе стане некој вид на мобилен идентитет”, вели Левин.

SHARE