Шверцувале 122 кг. хашиш во ранци во Грција

Тројца странски државјани, двајца по 29 и еден 26-годишен, биле  уапсени во планинскиот регион Теспотија во северозападна Грција и недалеку од границата со Албанија, откако кај нив биле пронајдени 122,75 килограми необработен хашиш.

Дрогата, како што соопштуваат грчки медиуми,  била спакувана во 113 пакувања во ранците што ги носеле тројцата осомничени.

За еден од уапсените, грчката полиција соопшти дека имал криминално досие и дека бил илегално во Грција.

SHARE