Сијарто: Заев не е Унгарец, не е важно што мисли за Унгарија

Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сјарто беше запрашан за постојаните забелешки на поранешниот премиер Зоран Заев дека Унгарија е диктаторски режим и дека Виктор Орбан е диктатор. На тоа шефот на дипломатијата имаше подготвен одговор.

„Навистина не е важно што Заев мисли за ситуацијата во Унгарија бидејќи не е Унгарец. За нас е битно што унгарските граѓани мислат за состојбата во Унгарија.

Внатрешната состојба е таква што ние победивме со двотретинско мнозинство и оттука внатрешните работи на Унгарија се внатрешно прашање“, порача Сијарто.